| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани и прилепчани најмногу крадат струја!

bez-struja
Од почетокот на годината досега во земјава се откриени приближно 600 случаи на кражби на електрична енергија при што 96% од нив се од страна на домаќинствата и 4 проценти бизнис корисници. Најмногу кражби во категоријата домаќинства се откриени во Прилеп и Скопје, приближно 100, а во Тетово, Куманово, Скопје, Кавадарци и Битола се откриени и повеќе случаи на кражби кај бизнис корисниците.

Како што пишува Вечер, од вкупниот број на регистрирани случаи за изминативе неколку години за 741 случај се поднесени кривични пријави до ОЈО додека останатите се процесуирани по пријава од страна на МВР.

-Но процентот на кражби се уште се проблем за дистрибутивната мрежа и корисниците. Кражбите се дел од вкупните загуби на електрична енергија, но не се мерат и не се евидентираат одделно. Имено, вкупните загуби се пресметуваат како разлика помеѓу влезна и излезна енергија во дистрибутивниот систем – укажуваат од ЕВН-Македонија. Според нив, вкупните загуби на електрична енергија се намалуваат во текот на претходните години.

Така лани тие се намалени за 15,5%, во 2013-та за 16,4%, а во 2012 година за 17,4%. ? Намалување е забележано и во 2011 година за 18,5%, што се должи на работата на ЕВН-Македонија во две насоки: во реконструирање на старата дистрибути74;на мрежа и изградба на нова и вложувањето максимални напори за откривање на кражбите на електрична енергија. За потсетување, Регулаторна комисија за енергетика признава 14% од загубите на електрична енергија на компанијата.

Како дел од мерките за намалување на кражбите се и новата софистицирана опрема за откривање на кражбите, полицијата, измените во Кривичниот законик, големите парични казни и затворски, како и ангажираноста на екипите на ЕВН-Македонија исто така помогнаа во намалување на кражбите. Сепак, за нивно целосно сузбивање треба да се работи уште поинтензивно за да може да се намалат кражбите оти тие се една од најголемите закани за стабилноста на напонот и воопшто за сигурноста во снабдувањето.

-Најчесто онаму каде што има кражби најчесто се јавува пад на напонот, бидејќи тие не користат колку што им треба електрична енергија туку кога не ја плаќаат ја крадат трошат и колку што сакаат – велат од ЕВН-Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top