| четврток, 6 декември 2018 |

Семинар за холокаустот и за масовните злосторства на Балканот

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, од денеска до среда, 16 септември се одржува семинар на тема „Историски пристап на холокаустот и масовните злосторства на Балканот“.

muzej na holokaust

Семинарот е наменет за професори по историја во средните училишта во Република Македонија.

Свеченото отворање на семинарот е денеска 14 септември, каде поздравен говор ќе одржат Сафет Незири, државен советник во Министерството за образование и наука на Р. Македонија; Јован Теговски, Амбасадор и национален координатор за меѓународна алијанса за сеќавање на холокаустот; Кристина Алтхаузер, Амбасадор на Германија во Р. Македонија; Алуренц Ауер, Амбасадор на Франција во Р. Македонија; Горан Садикаријо, генерален извршен директор на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Бруно Бојер, директор за односи со странство во Мемориал де ла Шоа, од Париз, Франција.

На семинарот ќе учествуваат 35 професори по историја од средните училишта во Македонија, каде ќе ги прошират своите знаења за холокаустот, геноцидот и за масовните убиства на Балканот и ќе имаат можност да учат од врвни експерти од оваа област, како што се Јохан Чапоутот, историчар од Универзитетот во Париз Сорбона; проф. д-р Иванка Додовска од Правниот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје; проф. д-р Томислав Дулиќ од  Универзитетот Упсала; проф. д-р Теон Џинго, Институт за национална историја во Македонија, проф. д-р Дубравка Стојановиќ од Филозофски факултет, Белград, како и Џорџ Бенсоусан од Мемориал де ла Шоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top