| четврток, 6 декември 2018 |

Осум знаци дека колегите потајно ве мразат

Додека некои колеги отворено покажуваат непријателство кон луѓето со кои поминуваат осум часа дневно, има и такви кои вешто гокријат својот антагонизам. Ова се осумте знаци што покажуваат дека вашите колеги потајно не ве мирисаат.

1. Не се смејат во ваша близина

Не станува збор за повремени лоши денови или за промени во расположението. Ако се сомневате дека вашите колеги од петни жили се обидуваат да не се смеат во ваше присуство, нешто не е во ред.

2. Избегнуваат контакт со очите

Тешко е да се гледа во очите на личност која не ви се допаѓа или не ја почитувате. Ако забележите дека вашите колеги избегнуваат контакт со очите, веројатно постои причина за тоа.

3. Ве избегнуваат

Ако сте забележале дека кога ќе ве видат наместо наместо во лифтот слегуваат по скали или чекаат да излезете пред да влезат, бидете сигурни дека ве избегнуваат.

4. Ве озборуваат

Вакво детско и непрофесионално однесување е сигурен знак дека вашите колеги не ве сакаат, па ве озборуваат.

5. Се однесуваат како да ве нема

Ако вашите колеги не ве поздравуваат кога ќе пристигнат или кога си одат, на тој начин најверојатно покажуваат дека не им се допаѓате.

6. Одговараат со кратки одговори

Ако мејловите на вашите колеги одржат само деловни информации, а кога разговарате одговарат само со „да” или со „не”, бидете сигурни дека не им сте драги.

7. Никогаш не ве викаат на собири

Ако вашите колеги никогаш не ве повикале на ручек или на кафе по работа, на тој начин ви праќаат повеќе од јасна порака.

8. Комуницираат исклучиво преку Интернет, иако седат до вас

Додека седат до вас, ви се обраќаат само преку електронска пошта и избегнуваат каква било комуникација лице в лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top