Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно 26 сообраќајни незгоди.
Во петок, на 11 септември, е извршен увид на вкупно десет сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден велосипедист.
Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.
Во сабота, на 12 септември, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник, еден пешак и еден возач на мопед.
Случени се и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак и еден возач на мопед.
Вчера е извршен увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, тројца сопатници и еден мотоциклист.
Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 34 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 32 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 16 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и пет возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. Преземени се и 13 мерки по прекршоци кои најчесто ги чинат возачите на велосипед, мотор, мопеди и мотоцикли.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 87 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст