| четврток, 6 декември 2018 |

Емигранти спасиле двајца грчки пожарникари

ми

Двајца грчки пожарникари биле спасени од четворица ирански емигранти на островот Лезбос, соопштуваат грчките медиуми.

Емигрантите кои штотуку пристигнале на островот, виделе како противпожарникарско возило паднало во бездна, и откако слегле по стрмнината, успеале да ги извадат двајцата пожарникари од возилото.

Повредените пожарникари биле однесени во болница.

Пред националната телевизија грчки полицаец, сведок на настанот, потврдил дека ирански емигранти помогнале за извлекување на пожарникарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top