Имам убави спомени од сириското пристаниште Тартус. Типипчно средоземноморско гратче – валкано, но убаво, со плажа и крајбрежна улица. На почетокот на 70-ите, таму изградија товарно-растоварен пункт за потребите на советската, а потоа и за руската флота. Дури во екот на Студената војна, тој не играше којзнае каква важна улога во спротивставувањето меѓу Русија и САД. Затоа што со присуството во Средоземното Море, советските военоморрски сили дури и во цутот на својата моќ, не можеа да се мерат со американската Шеста флота која беше дислоцирана во регионот.
Проширување на руското присуство во Сирија
Денес Тартус се појави во водечките светски весници. Затоа што се множат доказите (засега нефоицијални) дека таму нема само руски војници, туку и дека од ден на ден нивниот број расте. Изјавите од Министерството за надворешни работи и на претседателската администрација не го потврдуваат тоа официјално, но се проѕирен сигнал: Да, Русија испрати офицери и војници во Сирија и е подготвена решително да се бори за режимот на Башар Асад.
Воената техника се пренесува преку Босфор на отворени палуби – Москва јавно нема особена желба да го крие тој факт. Покрај тоа, ако ситуацијата во Сирија понатаму дополнително се стаблизира, Русија најверојатно ќе добие шанса сериозно да го прошири своето воено присуство во земјата. Причините треба да ги бараме во случувањата од последните години.
„Денес Дамаск, утре Москва“
Арапската пролет, а најмногу рушењето на режимот на Муамер Гадафи во Либија, беа примени од Кремљ како голема смена на режимите на Блискиот исток зад кои стои Вашингтон. Крахот на либискиот полковник се совпадна со тогашните протести во Москва. Руското раководство сметаше дека треба силно да се бори со таа тенденција.
За Владимир Путин, Сирија на Асад има значење не само и не толку како воен сојузник, туку главно како симболичен последен праг на одбраната против американската политика.
Во Сирија, Кремљ не го брани само Асад, туку и принципот за суверенитет во неговото класично сфаќање од почетокот на 20-иот век – како право на владите да прават со своите граѓани што и да посакаат. По распадот на Југославија, и балканските војни во 90-ите, Москва сега скептично гледа на новите принципи во меѓународното право, на пример, „задолжително да заштитуваш“.
Тоа значи дека суверенитетот не е само привилегија, туку и задолжение на државата да ги брани своите граѓани и да не користи насилство кон нив. Руското раководство директно во тоа виде инструмент преку кој Западот, и на прво место САД, ги менуваат за нив непријатните политички режими. „Штом денес е Дамаск, утре ќе биде Москва“, така ќе ја резимираме суштината на сириската и пошироко погледнато блискоисточна политика на Кремљ.
Личните сметки на Обама
Москва целата своја стратегија ја гради врз спротивставување на Вашингтон. Лошо скриеното нетрпение на Владимир Путин кон Барак Обама тука се истакнува со сета своја сила. Обама го остави на судбината својот сојузник, поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак – и ете, затоа рускиот лидер посветено ќе го брани Башар Асад. Обама не се осмелува да ја прошири воената кампања против Исламска држава – и ете, Путин праќа маринци и тешка техника да ја смачкаат сириската опозиција од сите бои, вклучително и ИД.
– Ако сакате, Русија е подготвена да ви помогне во борбата со радикалните исламисти. Молчите, а? Значи вие, американците, всушност не го сакате тоа!“, тоа е пораката на Путин до американците, а покрај нив и до арапите, иранците и израелците.
Вашингтон разочарува, Москва плени
Белата куќа делува претпазливо, и на основа на тоа решителноста на Путин необремен од парламентарна, медиумска и граѓанска контрола, цели да создаде силен впечаток кај земјите во регионот. Многу од нив во последниве години видливо беа разочарани од политиката на Белата куќа. По брзото зближување со Египет, формално се уште главниот сојузник на САД во арапскиот свет, и со Иран, кој очекува подигнување на санкциите со активен придонес на Москва, Русија се мачи да ги зацврсти своите позиции ненадејно изоставени од американците.
Колку се посилни тие нови позиции, толку има повеќе аргументи за Кремљ во дијалогот со Америка, толку почесто американскиот претседател (денешниот и следниот) ќе зборуваат дека поддршката на Русија е од значење во врска со иранското прашање, со сирискиот проблем, со израелко-палестинското прашање. Тоа го подига рејтингот на Путин во неговата земја, и му дава можност за пазарување со Вашингтон. Но најмалку во врска со веќе спомнатата Украина или пак со санкциите.
Логично е да претпоставиме дека активното учество на руски војници во сириската граѓанска војна ја зголемува опасноста од исламски терор во самата Русија и врз нејзните објекти и граѓани низ целиот свет. Но Кремљ јавно го смета тој ризик за не толку голем, во споредба со потенцијалните стратешки резултати. Друг проблем ќе се појави ако руските војници почнат – не дај боже – да гинат.
Од позиција на обичните луѓе, Сирија не е Украина каде „треба да ги браниме Русите“, туку е повеќе Авганистан од 80-ите – една далечна земја каде во краен случај „нема што да правиме“. Токму затоа маринците од Севастопољ се надеваат дека ќе учествуваат масовно во битките. Барем за сега.
Дојче веле – Бон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст