| четврток, 6 декември 2018 |

Топла септемвриска недела со температури до 35 Целзиусови степени

cirrus_esen-1

Во текот на оваа работна недела се очекува температура која ќе биде над просекот за овој дел од годината. Според Метеопро, ќе биде претежно сончево и сосема малку ветровито.

Температурата ќе бележи пораст од ден на ден. Во вторник, максималната температура ќе има вредности до околу 31°С .

Сѐ до петок се очекува пораст на температурата во просек за околу два степена на ден, па во петок веќе би требало да ја надминеме „границата“ од 35 Целзиусови степени во делови од Повардарието, а во останатите низини низ земјава се очекува максимална температура помеѓу 30 Целзиусови степени и 35 Целзиусови степени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top