Кошаркарската репрезентација на Литванија е последниот учесник во четвртфиналето на Европското првенство, откако вечерва, во осминафиналето во драматичен дуел ја победија Грузија со 85:81. Грузија во поголемиот дел од средбата имаше предност, но не успеа да ја задржи. На полувремето имаа минимална предност од 40:39.
Литванија повее во вториот дел со 46:40, но подоцна Грузија се врати и дојде до 56:62, за пред крајот со серија Литванија да намали на 61:62.
Во последниот период Литванија набрзо ја презема предноста, имаше и +8 со 79:71, но со две тројки, Грузија дојде на 80:79, но на крајот го имаа одличниот Мачиулис кој со тројка и две прецизни слободни фрлања, дојде до победа од 85:81.
Најефикасен во победничкиот табор беше Мачиулис со 34 поени, 6 скокови, 4 украдени топки и 3 асистенции. Јанкунас имаше 17 поени. Кај Грузија најефикасен беше Пачулија со 23 поени.
Во четвртфиналето Литванија ќе игра против Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст