Иако многумина сметаат дека бананата треба да се избегнува доколку сакате да ги изгубите килограмите, бананата е една од најпожелните диетални напитоци. Бананата изобилува со калиум кој помага во отстранувањето на вишокот килограми од организмот, а една банана содржи дури 450 милиграми од овој елемент.
Ова тропско овошје се користи во диеталните напитоци како основа на која и додаваме природни „стопувачи“ на мастите како лененото семе или шумското овошје.
Еден од ваквите делотврони напитоци е бананата со шумско овошје.
Потребни состојки: една банана, 1 шолја шумско овошје, 1 чаша мед, 1 лажица изрендан ѓумбир, половина шолја млака вода.
Состојките ставете ги во блендер и измешајте ги. Овој напиток консумирајте го наутро за доручек бидејќи тогаш телото најдобро ги апсорбира и препознава состојките кои во овој случај, ќе направат инвазија на вашите масни перничиња наталожени околи половината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.