| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонска маска за лице која ги брише годините

maska-za-lice1-660x400
Во текот на многу векови најубавите Јапонки ја одржувале неминливата убавина со оваа едноставна оризова маска.
Јапонската оризова маска е богата со витамини од групата Б, кои го стимулираат растот и регенерацијата на клетките, го забавува стареењето и го подобрува збогатувањето на кожата. Тоа е сè што е потребно за да се осигурате дека лицето ќе ви сјае со свежина и убавина.

За да останете со беспрекорна кожа и да го одложите нејзиното стареење и доделување правете ја оваа маска со ориз барем еднаш во неделата.

За многумина оваа маска со ориз, мед и млеко стана омилен производ, бидејќи кожата потоа навистина станува мазна, светла и мека, свиленкаста и сјајна.

Производи за оризова маска:

2-3 лажици ориз
1 лажица млеко
1 лажица мед

Начин на приготвување:

Сварете 2-3 лажици ориз до омекнување на умерен оган.

Кога оризот е сварен, се цеди. Не фрлајте ја течноста.

Исплакнете го сварениот ориз со ладна вода и додадете 1 лажица топло млеко. Мешајте додека не добиете мазна смеса и додадете 1 лажица мед. Нанесете ја маската на исчистено лице и врат.

Оставете 30 минути, а потоа исплакнете со водата во која е варен оризот.

Покрај горенаведените својства на маската, оризовата вода го навлажнува лицето, содржи антиоксиданси и ја поседува способноста да апсорбира УВ зраци.

Нешто повеќе, таа го забавува производството на меланин и на тој начин го спречува создавањето на пигментни дамки и ја осветлува кожата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top