„Во случај да одбиваат да дуваат во алкометар, со измените на Законот за безбедност во сообраќајот, сега веќе не ги водиме инаетливите возачи на вадење крв, туку полицаецот ја има таа должност веднаш да напише казна од 500 евра, еднаква на највисоката казна за возење под дејство на алкохол“, пишува „МК нуз“.
Во Законот за безбедност на сообраќајот на патот децидно стои дека полицијата ќе смета дека е под дејство на алкохол секој возач за кој со дување во алкометар, апарат за мерење на алкохолизираност или пак анализа на крвта или на урината или со друг метод за мерење на количеството на алкохол во организмот, ќе се утврди дека содржината на алкохолот во крвта изнесува повеќе од 0,50 г/кг.
Меѓутоа, од полицијата нагласуваат дека алкохол во крвта воопшто не смее да има возачот почетник и возачот на моторно возило од категориите Б+Е, Ц, Ц+Е и Д и Д+Е или од поткатегориите Ц1, Ц1+Е, Д1 и Д1+Е додека управува со возило од таа категорија, потоа возачот на возило со кое се врши јавен превоз – додека со тоа возило врши јавен превоз, возачот-инструктор и кандидатот за возач и тоа за време на оспособување во практичното управување со возило и претседателот и членовите на испитната комисија – додека спроведуваат практичен дел на возачкиот испит.
Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот кај кого ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 0,51г/кг до 0,99 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 3 до 6 месеци.
Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,00 г/кг до 1,49 г/кг. Покрај паричната казна возачот ќе добие и забрана за управување со моторно возило од 6 до 9 месеца.
Глоба во износ од 350 евра ќе му се изрече на возачот кој ќе се утврди содржината на алкохол во крвта од 1,50 г/кг до 1,99 г/кг, а за што ќе добие забрана за возење од 9 до 12 месеци.
Глоба во износ од 400 евра ќе му се изрече на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 2,00 г/кг и повеќе, а ќе добие и забрана од 12 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре