| четврток, 6 декември 2018 |

Четири бебиња и 10 деца се меѓу 28-те жртви од потонатиот брод кај Фармакониси

мигранти
Четири бебиња и 10 деца се меѓу 28-те жртви од бродот со бегалци, кој денеска потона во близина на грчкиот остров Фармакониси брод, јави грчката агенција АНА.Четири бебиња и десет мали деца – пет момчиња и пет девочиња, се меѓу жртвите од бродот кој превезуваше имигранти.

Шеесет и осум лица биле спасени од грчката крајбрежна стража, а други 30 успеале да допливат сами до брегот на Фармакониси.

Продолжува потрагата по петмина исчезнати вчера имигранти во близина на островот Самос, во источниот Егејското Море, без резултат досега. Од нив четири се деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top