По барање на Берлин, австриските железници ги запреа возовите за Германија, соопшти портпаролката на австриската железничка компанија, пренесува ДПА.
Причина е бегалската криза.
Се уште не се знае дали ќе запре движењето на возови од Германија за Австрија.
Германскиот весник „Билд” соопшти дека Берлин сака привремено да ја обнови граничната контрола заради приливот на бегалци и дека тоа првенствено ќе се однесува на границата со Австрија.
Во меѓувреме, канцеларот на Германија Ангела Меркел го информирла денеска во телефонски разговор австрискиот колега Вернер Фајман дека германските власти имаат намера да воведат контрола на границата со Австрија и на самото место да утврдуваат кои мигранти немаат право да добијат статус на бегалец.
Според информациите на австриските весници „Пресе” и „Круне“ кои ја пренесуваат информацијата на своите интернет страници, цитирајќи извори од австриската влада, овие проверки може да почнат уште оваа вечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти