Во вторник, на 15 септември во Младинскиот културен центар (МКЦ), со почеток во 20:30 часот ќе се отвори изложба на фотографии од Дарко Мораитов, насловена „Парадокс“.
На изложбата ќе се обрати рецензентот Влатко Галевски. Изложбата ќе биде поставена до 2 октомври, а од 3 октомври („Бела ноќ 2015“) ќе биде поставена изложбата на Горјан Георгиев, насловена „Протест-сексплозија“, информираат од МКЦ.
„Парадокс – „Еден навидум неприфатлив заклучок кој произлегува од навидум прифатлива премиса, по пат на навидум прифатлив заклучок“
„Парадоксите“ на Мораитов не се просторни туку временски. Затоа можат да се„дефинираат“ како „мината иднина“, како духовен и церебрален баланс на противречности. Иницијалниот футуризам во мотивите на Мораитов не е во функција на конечно раскинување со минатото, туку делува како допир на традицијата и побуната, како спој на помнењето и идејата. Мисла без парадокс е како љубовник без страст, фотографија без парадокс е како фригидна метреса“ вели рецензентот Галевски.
.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст