| четврток, 6 декември 2018 |

Леб без брашно – рецепт за сите кои го обожаваат, а сакаат да ослабат

405fc77ff4aa164251b666088b96796c97-w=630-h=463

Лебот на многумина им е омилен додаток кој го комбинираат со речиси секое јадење. Но, само неколку вкусни кришки може лесно да ви ја нарушат линијата затоа што се преполни со јаглехидрати.
Ако сакате да уживате во сендвич без грижа на совест, направете ја оваа вкусна, мека и далеку поздрава варијанта на леб без брашно.
Потребни состојки:
• 3 јајца
• 100g намаз од сирење
• ½ лажичка прашок за печиво
• Малку сол
• Хартија за печење

Подготовка:

Во еден сад издвојте ги белките, додајте малку сол и изматете ги во облик на цврст снег.

Во друг сад ставете ги жолчките, сирењето и прашокот за печиво, па добро измиксирајте додека не добиете смеса без грутки.

Во смесата од жолчки постепено додавајте го снегот од белки и постојано мешајте.

На тава за печење постелете хартија за печење, па земајте по малку од смесата и обликувајте кифлички или топчиња. Не заборавајте да оставите доволно простор меѓу секое парче.

 

Тавата ставете ја во загреана печка и печете околу 25 минути на 150 степени.

Кога лепчето ќе го извадите од рерната, прво ќе ви заличи на печена белка и може да се разочарате. Но, почекајте додека не го пресечете. Тогаш ќе добиете прекрасна тектура.

Може да го полните со кашкавал, моцарела, зеленчук по желба или да го премачкате со некој сладок намаз.

Извор: НМД.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top