| четврток, 6 декември 2018 |

Алфите во август легитимирале 1156 лица

alfi

Во текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност вкупно извршиле легитимирање на 1156 лица, потоа преглед на 18 ПМВ, извршен преглед на 55 лица и поднесени 382 извештаи за непосредно забележани лица.

По основ на телеграма приведени се 26 лица, по Потрага, Гласник или Наредба од Основен суд – седум лица, под сомнение за извршено кривично дело – 22 лица, по извршено кривично дело – 14, на лице место во вршење на кривично дело биле приведенидвелица, за издржување на казна затвор – седум лица, за утврдување на идентитет – 17 лица, за недозволени предмети по основ на прекршоци – две лица и приведено е едно лице (странски државјанин) со нерегулиран престој во РМ;

Вкупно приведени лица по ЈРМ – 37 лица

–    за учество во тепачка – 23 лица

–    за физички напад – осум лица

–    омаловажување на ПС – две лица

 

За напад на службено лице чл.383 од КЗ на РМ – две лица

 

Вкупно приведени лица со оружје – девет лица

–    со сигнален пиштол – пет лица

–    со пиштол – две лица

–    пушка  –  едно лице

–    преправено или рачно изработено оружје – едно лице

 

Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги седум лица

–    со НН тревкаста материја – пет лица

–    со НН прашкаста материја – две лица

 

Вкупно приведени лица со ПМВ41 лице

–    по телеграма – 26 лица

–    непоседување на соодветна документација – две лица

–    поради сомнение за извршено кривично дело – три лица                          

–    сторен сообраќаен прекршок – седум лица

–    сторен царински  прекршок – три лица

 

Вкупно приведени лица со ТМВ – едно

–    не поседување на соодветна документација за товар – осум лица

 

Приведени лица со мотоцикл за непоседување на соодветна документација – девет лица                             

Останати активности:

–       Предадени осум лица поради нарушен ЈРМ

–       Предадени осум лица – сторители на кривични дела

–       Предадени 38 лица за сторен сообраќаен прекршок

–       Три останати случаи за предадени лица

–    пронајдени и предадени едно ПМВ и три други предмети кои потекнуваат  од кривично дело

–    предаден еден мотоцикл и

–    пронајдено едно возило барано по телеграма.

Извршени едно обезбедувања на лице место, 18 обезбедувања на лица, изготвени девет оперативни информации, дадени 16асистенции при вршење претрес на дом и други простории, една асистенција за потребите на службите на Министерството и една асистенција дадена на други надлежни институции. Постапено по РОА, предадени пет патни исправи, пронајдено и предадено изгубено женско лице и пронајдено безживотно тело.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top