
Брод, со кој патувале најмалку 100 имигранти се преврте источно од грчкиот остров Фармакониси. Десет лица, вклучувајќи и едно дете, загинаа, соопшти грчката крајбрежна стража, пренесува ТАСС..
Крајбрежната стража спасила 68 лица, а други 29 успеале сами да стигнат до брегот.
Продолжува потрагата по патници од превртениот брод. Во моментов на местото на несреќата се наоѓаат спасувачки хеликоптер и брод на крајбрежната стража.
Според податоците на Меѓународната организација за миграција бројот на имигрантите, кои дошле во Европа преку Средоземното Море од почетокот на годината е над 350 илјади луѓе. Главниот дел од нив пристигнале преку Грција – околу 218.000, следат Италија – околу 114.000, Шпанија – околу 2000 и Малта – 94 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


