| четврток, 6 декември 2018 |

Соботка: Не можеме да отстапиме од отфрлањето на квотите за бегалците

Bohuslav Sobotka, politik

Чешката Република не може да се повлече од својата позиција на отфрлање на задолжителни квоти за прифаќање на бегалци за членки на Европската унија од други земји, изјави премиерот Бохуслав Соботка.

– Не е можно да отстапиме. Нашата позиција е цврста и нашите аргументи се сериозни, рече Соботка коментирајќи го ставот на земјите на Вишеградската група – В4 (Чешка, Словачка, Унгарија и Полска) за одбивање на квоти, кој е критикуван од ЕК.

Соботка рече дека земјата е подготвена да помага на доброволна база и дека бегалците сакаат да стигнат во Германија и Шведска и не е можно насилно да се држат во прифатни кампови во Централна и Источна Европа, јави дописникот на МИА од Прага.

Соботка оцени дека е потребно да се регулира економската имиграција стравувајќи дека доколку бидат прифатени обврзувачки квоти за примање бегалци нема да бидат донесени други мерки за ограничување на миграцијата.

Тој додаде дека е потребно подобрување на заштитата на шенгенските граници и основање центри за прием.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top