Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со победа го завршија настапот на меѓународниот турнир во Орадеа, Романија.
Македонскиот шампион попладнево ја совлада Алба Фехервар со 68:61. Иако „металците“ на овој турнир настапуваа ослабени без репрезентативците Дамјан Стојановски, Марко Симоновски и Љубомир Младеновски, сепак, се прикажаа во добро светло.
На денешниот натпревар најефикасни кошаркари во составот на МЗТ Скопје Аеродром беа Душко Буниќ и Ѓорѓе Дреновац, кои постигнаа по 13 поени, а Данило Мијатовиќ беше стрелец на 10 поени.
Претходно МЗТ во првото коло го совлада Интер Братислава, а во второто загуби од домаќинот Орадеа по продолжение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст