На македонската граница постојано пристигнуваат нови бегалци. Македонската полиција, јавува репортерот на „Република“ организирано ја спроведува толпата мигранти.
„Мигранти пристигнуваа цела ноќ, цел ден. По задржувањето и идентификувањето во кампот полицијата организирано ги качува во автобуси и возови на пат кон Србија. Полицијата викендов покажа добра подготвеност и оргазнираност при справувањето со огромниот број бегалци – вели репортерот на Република кој моментално се наоѓа во Гевгелија.
Мигрантите брзаат да стигнав во Унгарија до задутре, 15 септември, кога треба да стапи на сила новиот закон. Со него се предвидува затвор или депортација доколку некој нелегално ја мине границата, но казните важат и за оштетување на поставената гранична ограда.
ФОТО: Ѓорги Личовски (Република)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст







































