
Судот во Британија осуди седум мажи на затворски казни поради силување и сексуално злоставување на бебиња и мали деца, кои фотографиите и видео записи за нивните злостроства ги објавувале на интернет.
Судијата Џулијен Ламберт на судот во Бристол при изрекувањето на пресудата рекол дека некои од осудените „покажале најизопачено и најдевијантно однесување“ кое не може ни да се замисли.
Мажите на возраст од 30 до 51 година се осудени на затворска казна од две до 31 години.
Полицијата почнала истрага во септември 2014 година кога еден од мажите е уапсен и кога признал сексуално злоставување на дете помало од 5 години.
Со натамошната истрага е утврдена вмешаноста и на другите осуденици, наведува АП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


