
Сто четириесет и три кесиња со хероин се најдени при претрес вчера кај 30-годишниот гостиварец Ф.А., на улица „Кеј Вардар“, соопшти полицијата.
Кај гостиварецот е пронајдена црна футрола за очила, која ја чувал во левиот џеб од неговите куси панталони, во која се наоѓала поголема зипер кеса со 143 мали пакувања со непозната прашкаста материја, најверојатно хероин.
Сето пронaјдено при претресот е фотодокументирано и одземено за вештачење, а во консултација и координација со јавен обвинител, 30-годишниот гостиварец Ф.А. приведен е и задржан во Полициската станица Гостивар. Во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


