| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец удрен во вилица пред станицата во Центар

hrvatski policaec
Полицаец е нападнат при регулирање на јавниот ред вчера околу 06 часот пред полициската станица Центар.

Ш.Е. (1987) од Скопје, по претходно нарушен јавен ред и мир, го удрил униформираниот полицаец со рака во пределот на градите, а откако бил лишен од слобода, пред влезот на станицата повторно го нападнал удирајќи го во вилицата.

На приведеното лице е извршено алкотестирање, при што утврдено е дека имало присуство на 1,97 промили алкохол во крвта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top