
Словенечка компанија од Марибор дала оглас за слободно работно место за еротски масер, и тоа преку локалната агенцијата за вработување.
На сомнежите дека можеби станува збор за нелегална дејност, од агенцијата одговориле негативно, и оттаму тврделе дека таа дејност била одобрена од пазарниот инспекторат, пренесуваат тамошните медиуми.
– Во согласност со мислењето на пазарниот инспекторат и министерството за економија, еротската масажа е класифицирана како стандардна дејност, односно како „телесна нега“ – навеле од берзата за вработување во Марибор.
Оттаму објаснуваат дека овој оглас не можеле да го одбијат бидејќи е пријавен според сите правила и е во склад со законот за еднаквост на половите и дека на огласот може да се јават и машки и женски кандидати.
– Агенцијата за организација на танцови и артистички настапи, која го дала огласот бара масер или масерка за изведување на „еротска тантра масажа“, при што кандидатите или кандидатките треба да испратат биографија со основни податоци и да имаат разговор со својот потенцијален работодавач.
Платата за оваа работа според економските прилики во Словенија не е многу висока, 1.000 евра бруто и 700 евра нето , но работата се нуди на неодредено време, што денес работодавците ретко нудат ваква понуда. Предвидена е едномесечна пробна работа, со напомена дека заинтересираните треба да водат сметка за флексибилно работно време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


