
Општина Центар продолжува со инспекциски контроли на јачината на музиката во кафулињата на територија на општината.
Како што известуваат од општината, граѓаните се почесто пријавуваат дека музиката која доаѓа од кафулињата „ечи“ и им го нарушува сонот и мирот.
„Општината ги повикува граѓаните да се вклучат и помогнат во решавањето на овој горлив проблем така што ќе пријават гласна музика, за да можат инспекциските служби брзо да реагираат и превземат соодветни мерки.
Како резултат на пријавувањата на граѓаните, минатиот викенд во три објекти е извршена контрола и е констатирано надминување на максималното дозволено ниво на бучава. На кафулињата „Чао“, „Нола“ и „Ван-Гог“ им се изречени казни и општината апелира до сопствениците да се придржуваат до пропишаните правила и да не надминуваат гласност од 45 децибели. Доколку кафулињата не ги платат казните против нив ќе се поднесат прекршочни пријави“, стои во соопштението на општина Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


