| четврток, 6 декември 2018 |

Атанас Поп-Димитров – лауреат на 23. фестивал „Ристо Шишков“

risto siskov
Актерот Атанас Поп-Димитров од Драмско-куклениот театар од Враца, Бугарија, е добитник на наградата на Меѓунардониот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ за улогата на таткото во претставата „Татко“ по текст на Стриндберг во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Единствената награда на фестивалот се состои од Златен медалјон со ликот на Ристо Шишков и паричен износ од 1.500 евра.

Заблагодарувајќи му се на меѓународното стручно жири и на струмичката публика за укажаната чест да биде добитник на награда со име на најголемиот македонски актер Ристо Шишков, Поп-Димитров нагласи дека е поврзан со фестивалот на кој честопати е гостин.

– Ова ми е трето или четврто учество на овој фестивал на актерот и од секој фестивал носам убави впечатоци, пред се за организацијата и, секако, за струмичката театарска публика. Мислам дека наградата што ја добив е и за моите претходни улоги и настапи пред оваа публика, рече Поп-Димитров.

Синоќа беа доделени и наградите од стручното житри на НЕТА: за најдобра претстава беше прогласена „Кирил и Методиј“ од Јордан Плевнеш во режија на Мартин Кочовски, наградата за најдобра женска улога и ја додели на Билјана Ѓурковиќ во монодрамата „Надежда Петровиќ“, а Димитри Орготски од „Синан паша“ ја доби наградата за најуспешна машка улога.

Во чест на наградините Народниот театар од Прилеп ја изведе претставата „Кирил и Методиј“ со што се спушти завесата на 23-то издание на меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top