| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен турски полицаец во напад на курдските бунтовници во Дијарбекир

Turkish soldiers stand guard at a check point on the main road between Mardin and Cizre near the southeastern town of Midyat, Turkey
Еден турски полицаец е убиен, а друг ранет во денешниот напад на курдските бунтовници врз полициска позиција во југоисточниот округ Дијарбекир, пренесе ТАСС, повикувајќи се на турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Во нападот е убиен и еден цивил.

Нападот на бунтовниците е извршен во градот Силван, каде Курдите ја напаѓаат полицијата со автомати и фрлачи на гранати. Турската армија во регионот почна операција за пронаоѓање и елиминирање на напаѓачите.

Претходно денеска иранската телевизија „Прес ТВ“ соопшти дека во југоисточниот турски округ Шарнак активисти на Курдската работничка партија (ПКК) во близина на полициска позиција активирале автомобил бомба, при што загинале двајца полицајци, а петмина други биле ранети.

Веднаш по експлозијата турските военовоздухопловни сили извеле воздушен напад врз позиции на ПКК во планинските реони на округот Шарнак, при што биле убиени двајца бунтовници.

Од средината на јули турската армија изведе серија операции врз ПКК на територијата на земјата и во северен Ирак. Како одговор на операциите ПКК почна активни борбени дејствија, изведувајќи по неколку напади на ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top