| четврток, 6 декември 2018 |

Луѓето не се толку посебни колку што мислат

11-billion-people

Верувањето дека луѓето се единствена појава на светот претрпе уште еден удар; научниците откриле древен вид во сродство со луѓето кои исто така ги закопувала своите мртви.

Фосили од суштества се најдени длабоко во пештера во близина на познатите локалитети Стеркофонтејн и Сварткранс, 50 километри северозападно од Јоханесбург, кои со децении пружаат докази за човековата еволуција.
– Цело време ни била пред нос во оваа најистражена долина на Африка, вели Ли Бергер од Институтот за еволутивни студии на универзитетот Витватерсранд во Јоханесбург.

Новиот вид во научниот журнал eLife е наречен хомо наледи во чест на пештерата во кој е најден. Наледи на сесото јазикот на Јужна Африка значи ѕвезда.

Палеонтрополозите заклучија дека овој вид ги погребувале своите мртви што е нешто што е поврзано со процесот на дедукција само за луѓето.

Најголемата африканска колекција на хомонини, човечки и фосили поврзани за сродни видови, е составнеа од 15 поединци, од деца до стари, составени од над 1.500 делови.

Таму не се пронајдени остатоци од ниту еден друг вид, а на коските немало траги на заби или канџи што укажува на тоа дека не се работи за остатоци на предатори во пештери или стапици, туку за гробно место.

– Бидејќи ги елиминиравме сите други варијанти, се чини дека хомо наледи свесно и намерно ги одвојувале телата на покојниците, рече Бергер.

– Тоа ни покажува дека на себе гледале како на вид поинаков од другите животни, додаде тој.

Бергер ја отфрли теоријата дека можеби ги зачувале телата на мртвите длабоко во пештерата за да ги избегнат лешинарите и хиените.

– Ги одбирале само своите мртви. Да го правеле тоа тогаш би закопувале се што би можело да ги привлече лешинарите или предаторите, рече тој.

Ова не е прв пат, студија на наши предци, истребени или живи, да даде докази дека луѓето немаат монопол на одреден вид на однесување.

Џејн Гудал во 1960 година забележала дека нашите најблиски живи роднини шимпанзите, користат сноп од трева за да фаќаат термити, што е прва забележана употреба на проста алатка кај животните.

Остатоците на хомо наледи се најдени во пештерата во септември 2013 година. Хомо неледи имал мозок нешто поголем од мозокот на шимпанзо, но неговата старост сега е енигма, вели Бергер.

Причина за тоа е што коските намерно се префрлени во дното на пештерата, па и под неа, но и преку нив немало камења или земја за проучување. Исто така, немало ни фосили од други животни.

– Но, од нивната морфологија може да се заклучи кога се појавиле, ако не се лажеме, тоа било пред 2,5 милиони години, вели Бергер.

Локалитетот инаку се наоѓа на листата на светското наследство на ОН под името Колевка на човештвото, поради богатата колекција на фосили хоминини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top