
Три лица, меѓу кои и едно дете, се удавиле утринава крај брегот на грчкиот остров Фармакониси, што се наоѓа на околу 15 километри од турскиот брег, откако им потонал чамецот што превезувал стотина мигранти, пренесоа француските медиуми, цитирајќи ја грчката агенција АНА-МПА.
Крајбрежната стража спасила 68 патници од чамецот, а 29 лица сами допливале до брегот.
И натаму трае потрагата по петмината вчера исчезнати мигранти во близина на островот Самос, во источниот дел на Егејско Море, но засега без некакви конкретни резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


