Претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски лично и во име на пратениците упати честитка до Еврејската заедница во Република Македонија и до нејзината претседателка Берта Романо-Николиќ по повод еврејската Нова година – Рош Хашана.
– Нашата држава Република Македонија и ние како граѓани посветено работиме на подобрување и развој на сите заедници, вклучувајќи ја и еврејската заедница. Вредностите кои ги негува еврејската заедница претставуваат значаен дел во нашите заеднички заложби за зачувувањето на основните вредности. Тие вредности подразбираат негување на меѓучовечките односи, толеранција и соживот помеѓу сите граѓани во Република Македонија. Исто така, слободно можам да истакнам дека голем е вашиот придонес во оформувањето и создавањето на современата македонска држава, пишува во честитката на Вељаноски, кој на припадниците на еврејската заедница им посакува поуспешна Нова година, исполнета со мир, добросостојба и просперитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст