| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица пожарникари настрадаа во гаснење на шумските пожари во Калифорнија

kalifornija pozar

Четворица пожарникари настрадаа во гасење на шумските пожари во округот Лејк, во американската сојузна држава Калифорнија, информираа британските медиуми, повикувајќи се на телевизијата Си-Ен-Ен.

Пожарот на планината Сиера Невада, што многу брзо се прошири, проголта неколку куќи и им се заканува на уште над 6.500 други. Само за три часа површината што беше зафатена од стихијата достигна 160 хектари.

Властите во округот издале наредба за задолжителна евакуација на жителите на загрознеите реони.

Гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба во окрузите Амадор и Калаверас, што ќе овозможи во борбата со огнената стихија да бидат доделни дополнителни средства и сили.

Во моментов со огнот се борат 3.300 пожарникари, 178 пожарникарски машини и 16 хеликоптери.

Од реонот на несреќата веќе се евакуирани 3.000 лица. Илјадници домаќинства истанаа без електрична енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top