Од денеска до средината на март 2016 година во 12 општини ќе се реализира вториот циклус од проектот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето“ на Младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ во соработка со претставници на културата од земјава и од Балканот.
Во настаните ќе бидат вклучени писатели, научници, актери, музичари, ликовни уметници, хуманитарни организации, а проектот е поддржан од голем број здруженија на граѓани и институции.
– Идејата е нашите настани да не се одржуваат во библиотеки и домови на културата, туку да го испочитуваме обичниот, простодушен, но мудар народ кој живее во селата. Не може да се опише чувството кога 80-годишни изработени и чесни селани седат заедно со нивните внуци и слушаат како некој со големо внимание за нив рецитира поезија, пее оперска арија, глуми и им подарува книга, соопшти Младинската организација „Почувствувај ја Македонија“.
Проектот ќе почне денеска во општина Струга, а до март идната година ќе продолжи во општините: Дојран, Битола, Крива Паланка, Берово, Маврово, Македонски Брод, Свети Николе, Кочани, Велес и Чашка, Демир Капија, Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст