| четврток, 6 декември 2018 |

Анета Наковска: Си почекав подолго во животот, ама си дочекав принц

aneta nakovska1

Анета Наковска сепак призна дека конечно го нашла принцот на својот живот. Имено, фолкерката која веќе извесен период е во врска со охриѓанецот Спиро, кој долги години живее во Америка, за роденденот од саканиот добила 101 роза, а фотографиите со букетот ги објавила и на социјалните мрежи каде јавно му се заблагодарила за изненадувањето.

aneta nakovska

„Неверојатно е чувството кога саканиот ќе ви направи вакво изненадување за роденденот, подарувајќи ми 101 ружа! Епа најмил мој, мажу мој љубен, утрово кога го добив букетов знаеш дека ми се насолзија очите, но не знаеш дека на денешниов ден посакав токму 101 роденден заедно двајцата да си славиме еден дааааалечен ден… Многу ти благодарам љубов за ова прекрасно изненадување. Да, јас си почекав подолго во животот, ама вредело се, бидејќи принцот си го дочекав”, стои во постот на Наковска, која де негира де потврдува дека е заљубена и има партнер.

Пред десетина дена на Фејсбук негираше дека е во романса и дека „злобниците“ и измислувале приказни, а завчера на истиот тој Фејсбук напиша дека со Спиро сака да си дочека старост и јавно му изрази љубов. Е ај оди, па фати го крајот!

Извор: Вечер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top