Додека цела Европа ја тресе скандалот со продажбата на коњско месо, еден ресторан во Копенхаген, Данска истакна знак на кој пишува „Дали сте подготвени за скандал? Тогаш пицата со коњско месо кај нас е вистинска работа за вас!“

Оваа пица со коњско месо се продава во ресторанот „Горм“ во Копенхаген.
Скандалот со коњското месо во повеќе европски земји е откриен во јануари годинава во јадењата на познатите произведувачи на кои пишуваше дека составот на храната е од говедско месо. Во меѓувреме, една анкета во Велика Британија покажа дека еден од четворица испитаници не смета дека е проблематично тоа што јаде производи од коњско месо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


