Секој странец кој има договор, на основа на тарифна спогодба со работодавачот во Германија, може да добие работна дозвола и престој на неограничено време. Оваа одредба е резултат од прифаќањето на предлогот на членот на Бундестагот, Јосип Јуратович, од страна на германската владејачка коалиција. Врз основа на договорот со работодавецот во Германија, на секој странец му е овозможен престој на неограничено време и работна дозвола.
Притоа, владеачката коалиција предлага ограничен контингент од 20.000 работни дозволи годишно.
Јуратович, кој е пратеник за интеграција на фракцијата на германската СПД во Бундестагот, се залага за легално остварување на правото на престој во Германија за популацијата од Западен Балкан, со цел легално да добијат дозвола за работа и со тоа да ја избегнат опасноста за искористување и протерување, се наведува во соопштението.
Тој ја поддржува иницијативата со која Германија од есента минатата година ги прогласи Македонија, Србија и БиХ за сигурни земји, поради забрзувањето на постапката за добивање азил, така да барањата за азил на оние кои доаѓаат од тие земји побрзо се обработуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст