| четврток, 6 декември 2018 |

Четири последици од држење диети за кои се молчи

Губењето на килограми може одлично да делува на вашето здравје, но и на самодовербата. Но, брзите диети имаат и своја темна страна за која не се говори многу често. Ако сте на режим за редуцирана исхрана, еве на што морате да внимавате.

hitportal-dieta

1. Опуштена кожа

Топењето на мастите од критичните места на телото не ве прави веднаш витки. Имено, доколку изгубите многу килограми, можете да завршите со вишок кожа, која поради премалата еластичност може да виси. Кожата ќе биде поопуштена кај луѓето кои за краток временски период изгубиле екстремна количина на килограми, но и постарите луѓе.

Во екстремните случаи можете да се подлегнете на пластична операција за отстранување на вишокот на кожа, но нутриционистите предлагаат вежбање за време на слабеењето и по диетата со цел кожата да биде што позатегната.

2. Депресија

Губењето на килограми обично се поврзува со порастот на расположение и самодоверба, но една студија докажа дека луѓето кои ослабеле се подложни на поголем ризик од депресија. Следени биле дури 2000 дебели луѓе во период од 4 години и професорите забележале дека 78 отсто се поголеми шансите од депресија да пријават луѓето кои изгубиле 5 отсто од севкупната тежина. Психолозите истакнуваат дека емоциите често доцнат за физичкото губење на тежината па некои луѓе се чувствуваат фрустрирано и покрај видливите резултати.

Спијте 7 до 8 часа секоја ноќ, јадете здрава храна и редовно вежбајте. Наспани и наполнети со соодветна количина на енергија ќе ви помогне да се спротивставите на сите предизвици пред вас.

3. Губење на љубовта

Некои љубовни парови се одлучуваат на заедничко губење на килограмите со цел да си бидат меѓусебна поддршка и да остварат максимални резултати. Неодамнешната студија од Универзитетот во Северна Каролина покажа дека заедничкото држење на диета доведува до чести препирки. Ако килограми изгуби само еден партнер, другиот често ќе се чувствува предадено и љубоморно.

Искрено поразговарајте со својот партнер, објаснете му што вам ви значи губењето на килограмите и каква поддршка од него очекувате.

4. Болки во стомакот

Луѓето кои брзо губат килограми можат да развијат проблеми со камења во жолчката, што е пропратено со болка во желудникот, мачнини, а понекогаш и жештина. До проблеми во жолчката ќе дојде кај луѓето кои драматично се одрекле од мастите во својата исхрана, која помага при контракција кај органите.

Не одрекувајте се од мастите додека држите диета. Иако се смета за „кршење на диетата“, јадете масти во умерени количини, како што е маслиновото масло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top