| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на Ајлин криумчарел луѓе?

– Абдулах Курди, таткото на детето Ајлан кое се удави, криумчареше луѓе“– изјави Заинаб Абас, една од патниците на чамецот со кој наводно управувал Абдулах.

01-bodrum-udaveno-detence-016666

Заинаб, која на бродот изгуби две од трите деца, покрај овие шокантни тврдења додаде дека за патувањето со бродот за кој бил задолжен таткото на Ајлан платила 10.000 долари.

– Да, тој е криумчар. Тој управуваше со бродот – изјави Заинаб, а пренесе „Дејли Меил“.

Таа тврди дека криумчарите на кои им ги дала парите изјавиле дека капетанот на патувањето ги води и своите деца и жена и затоа не треба да се грижи. Според неа бродот патувал побрзо од своите можности и на него се наоѓале премногу очајни баратели на азил.

На петочленото семејство му било соопштено дека ќе бидат вкупно шестмина на бродот, но кога стигнале на бродот се наоѓале 14 лица. Турските власти за инцидентот обвинија четворица мажи, а за тројца е одбиена кауцијата.

Таткото на детето не е меѓу обвинетите и се отфрлаат сите обвиненија.

– Го изгубив семејството, го изгубив својот живот, изгубив се што имав. Можат да зборуваат што сакаат – изјави тој.

Претходно изјави дека управувал со бродот, но само откако капетанот наводно во паника скокнал во морето после дефект на моторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top