| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кина доктори се подготуваат за првото пресадување на глава

Италијанско-кинески тим планира да ја изведе првата трансплантација на глава во Кина, изјави еден од хирурзите.

operacija-610

Рен Сјаопинг кој се надева дека со италијанскиот колега Серџо Канаверо ќе ја изведат таа операција за две години, вели дека за сега се оди по планот. ­ Ако секој чекор пред операцијата оди глатко, ќе биде изведена во 2017 година, рекол Сјаопинг. За операцијата се пријавил Русинот Валериј Спиридонов кој пати од Вердинг­Хофманова болест поради која е неподвижен.

Рен вели дека хируршкиот зафат без преседан би требало да се изврши во медицинскиот универзитет во Харбин. Тој не сакаше да каже од каде ќе биде набавено телото за оваа комплексна процедура. Инаку високата побарувачка за органи во Кина и хронично нискиот број на донатори ги направија осудениците на смрт во затворите главни извори на органи. Кина забрани трговија со човечки органи во 2007 година, но поради големата потреба за трансплантации во оваа земја цвета нелегалната продажба и присилните донации.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top