| четврток, 6 декември 2018 |

Мал соларен брод од Пустец заплови по Преспанското Езеро

Во водите на Преспанското Езеро од општина Пустец заплови туристичко бротче кое функционира на соларна енергија и кое ќе служи за промоција на туристичките вредности на оваа општина.

solaren_brod

На инагурацијата освен градоначалникот Едмонд Темелко и жители на општината, присуствуваше и префектот на Корча, Ардит Кономи.

Соларното брод, општината го доби во рамки на заедничкиот проект со општина Преспа, Грција.

Станува збор за проектот „Green Boat“ (Зелен брод) финансиран од ИПА програмата на Европската унија за прекугранична соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top