Шведска стана првата развиена земја која подготвува национални насоки за исхрана со кои ќе ги отфрли општоприфатените догми за немасната храна, а советува исхрана со низок удел на јаглехидрати и висок удел на масти.
Пресвртницата во препораките за исхрана следеше по објавувањето на резултатите од двегодишнишната студија на независниот шведски Совет за проценка на здравствената технологија. Работна група од експерти разгледале резултати од повеќе од 16.000 научнистудии објавени до 13 мај 2013 година.
Шведскиот доктор Андреас Енфелдт, автор на најпопуларниот блог во Скандинавија од областа на здравјето ги пренесува најважните заклучоци од студијата:
„Здравствените индикатори се подобруваат заедно со исхраната која подразбира низок удел најаглени хидрати:
… Значително зголемување на нивото на ХДЛ холестеролот (т.н. добар холестерол), без никакви негативни ефекти врз нивото на ЛДЛ холестеролот (т.н. лош холестерол). Ова се однесува за умерен внес на јаглехидрати (до 40% од вкупните калории), и за построга диета, со помалку јаглехидрати (20% калории). Покрај тоа, строгата диета со помалку јаглехидрати води кон подобрување на нивото на гликоза кај лицата со вишок килограми и дијабетес, со маргинално намалување на нивото на триглицеридите.“
Д-р Енфелдт исто така, ја пренесува статијата од шведските весници во која се известува за наодите од работната група:
„Путерот, маслиновото масло, полномасната павлака и сланината не се штетна храна.Вистината е токму спротивна. Мастите се најдобра храна за оние кои сакаат да ослабат. И не постои врска помеѓу конзумирањето на високи масти во исхраната и кардиоваскуларните болести.“
Шведскиот Совет за проценка на здравствената технологија, поднесе извештај со наслов „Прехрамбени препораки при дебелина“ со што целосно ги промени конвенционалните општоприфатени препораки.
Со години јавноста беше советувана дека треба да се одбегнуваат мастите, особено заситените. Исхраната со низок удел на јагленихидрати (LCHF – Low Carb High Fat, што всушност е шведски „изум“) сега се отфрла како опасна диета без никаква здравствена основа.
Наместо тоа, дијабетичарите се упатуваа да јадат многу овошје (а тоа значи шеќер) и производи со малку масти и вештачки шеќери кои всушност се опасни тригери за лицата зависни од шеќер.
Во оваа работна група учествувале десет лекари, а некои од нив на почетокот биле многу скептични кон исхраната со низок удел на јаглехидрати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст