| четврток, 6 декември 2018 |

АРМ во Гевгелија им помага на емигрантите и на институциите

– Армијата е во Гевгелија да им помогне на останатите институции на Република Македонија, но и на мигрантите. Со изградбата на овој транзитен центар и се помогна на Гевгелија и најзините граѓани да се чувствуваат побезбедни. Воедно им се помогна и на мигрантите соодветно да се регистрираат и поефикасно да транзитираат низ Македонија кон нивните дестинации – изјави министерот за одбрана Зоран Јолевски.

miganti sabota (30)

 

Тој денеска беше во обиколка на позициите на Армијата на јужната граница, а го посети и транзитниот центар во кој се врши регистрација на мигрантите кои влегуваат во Република Македонија од Република Грција. Министерот Јолевски, укажа и на потребата за поголема помош од меѓународната заедница и од Европа, имајќи предвид дека оваа криза го засега цел континент. При посетата на транзитниот и регистрационен центар, министерот Јолевски се сретна и со претставникот на УНХЦР за Македонија, Мохамад Ариф, при што беше изразено задоволство од ангажманот на Армијата и на другите институции. ­ Работиме заедно со сите инситуции и имаме голема помош, особено од Министерството за одбрана кои ни помогнаа да ги поставиме овие структури. Заедно сме сите во овој момент на криза и правиме се што можеме за да овозможиме респектабилен престој на мигрантите кога ќе дојдат во земјата, истакна претставникот на УНХЦР, Ариф.

фото: Ѓогри Личовски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top