Германија сместува емигранти во концентрационен логор. Вкупно 21 бегалец кои избегале во Европа во моментов се сместени во бараките на поранешниот концентрационен логор Бухенвалд – местото каде илјадници лица беа брутално убиени за време на Втората Светска војна.
Како што соопштуваат светските медиуми, во зградата се поставени основни уреди за готвење и монтажни кревети.
– Тоа е итно решение, но е неизбежно. Има доста место во хангарите – вели градоначалникот на областа Мите во Берлин, Кристијан Ханке за „Дејли мејл“.
Бегалците добиваат месечно по 135 евра, за да купат храна и други неопходни производи.
Инаку, властите уште во јануари објавија дека дел од бегалците ќе бидат сместени во озлогласениот концентрационен логор. Во тој период градските власти тврдеа дека имаат околу 200 баратели на азил, а немаат средства за да обезбедат привремено сместување за нив. Според градскиот совет, одлуката за преместување на бегалците во овие простории е „практична“.
Во периодот од 1937-та до 1945-тата вкупни 250.000 лица биле држени во концентрациониот логор Бехенвалд, каде биле постојано измачивани. Логорот е озлогласен поради застрашувачките медицински експерименти врз луѓето. Според официјалните податоци, се смета дека во кампот животот го загубиле 55.000 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст