| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ: Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е што во време на СДСМ се затвараа фабрики, а во време на ВМРО-ДПМНЕ се отвораат нови фабрики

„Од денот кога СДСМ ја напушти власта до денес отворени се нови 144.842 работни места и денес ист толкав број на луѓе имаат работно место. Големите бројки на невработеност се резултат на криминално-мафијашкото владеење на СДСМ, бидејќи кога тие беа на власт постојано се зголемуваше бројот на невработени. Откако ја презедовме власта во Република Македонија, бројките се немилосрдни за СДСМ и ги прави се повеќе нервозни, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

вмро дпмне

„Во времето на СДСМ од нивни луѓе се затворија 684 фабрики, а над 200.000 граѓани беа избркани од работа и беа доведени на работ на егзистенцијата. Тоа целата јавност го памети. Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е што во време на СДСМ се затвараа фабрики, а во време на ВМРО-ДПМНЕ се отвораат нови фабрики. Најголем дел од економските политики што ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ се во насока да ги санираат штетните последици од криминално-мафијашкото цунами кое и го направи СДСМ на македонската економија. СДСМ не може да ја излаже јавноста бидејќи се мери стапката на невработеност, но се мери и стапката на вработеност. Потенцираме дека јасно е видливо и разликата е огромна, бидејќи во времето на СДСМ без работа останаа над 200.000 граѓани, а откако ВМРО-ДПМНЕ ја предводи владата отворени се нови 144.842 работни места.  СДСМ ќе мора да се навикне на немилосрдноста на бројките кои никако не се вклопуваат со нивните очекувања, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и понатака ќе продолжи да работи кон отварање нови работни места и привлекување нови странски инвестиции, како и поддршка на домашните фирми“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top