| четврток, 6 декември 2018 |

Вооружен грабеж на бензинска пумпа во Куманово

Ноќеска во населбата Карпош во Куманово е ограбена бензиската пумпа на компанијата „Китка Петрол” лоцирана на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.
полиција
Половина час по полноќ во бензинската пумпа влегле две маскирани лица со фантомки на главата и под закана со пиштоли од двајцата вработени го одзеле дневниот пазар, повеќе штеки со разновидни цигари и поголема количина лименки со пијалоци по што побегнале во непозната правец. Кумановската полиција превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top