Додека на европските земји им се приговара за односот кон бегалците, Саудиска Арабија има капацитет веднаш да прими најмалку три милиони бегалци. И покрај тоа, оваа земја досега нема примено ниту еден емигрант.
Во местото Мина, кое се наоѓа во близина на Мека, се наоѓа шаторска населба во која може да се сместат три милиони лица.
Во 100 илјади климатизирани шатори секоја година се сместуваат илјадници лица кои одат на аџилак, а по завршување на верските обичати, шаторите остануваат празни. Населбата е поделена на кампови, а секој камп има кујна и тоалети.
Иако С. Арабија тврди дека примила пола милион бегалци од Сирија, организациите за заштита на човековите права од Сирија тврдат дека на тие лица не им е дозволено да се регистрираат како бегалци. Исто така, одреден број Сиријци во С. Арабија се на привремена работа, а таму заминале и пред војната во Сирија.
С. Арабија се понуди да изгради 200 џамии за бегалците кои се сместија во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!