Континуираната поддршка од Владата на земјоделството изминативе години беа директна причина многу семејства да отпочнат со земјоделски бизнис или пак да го прошират своето производство.
Учествувајќи на огласите за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, голем број на семејства земаа земјоделско земјиште под закуп и ги започнаа своите земјоделски бизниси, инвестирајќи на земјиштето, инвестирајќи во нови насади и нова механизација и користејќи ја при тоа, државната поддршка за овој вид на инвестиции.
Ваквите примери се забележителни во сите региони и општини во државата. Таков е и успешниот пример на семејството Ангелески, кои во Долно Лисиче во општината Аеродром, веќе неколку години на површина од 10 хектари државно земјоделско земјиште се занимаваат со својот земјоделски бизнис и со производство на овошје, зеленчук и житарици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст