Вазата на богатството е многу популарен начин за зачувување и намножување на семејниот имот. Кинезите тоа го прават на свој начин со специфични симболи. Ние треба да ја прилагодиме на нашите можности и веруваме дека ефектот ќе остане ист.
Потребна ни е ваза од керамика, порцелан, глина, кристал или метал и по можност да биде со тенко грло, тенок и долг врат и голем стомак, бидејќи со тоа симболично парите кои влегуваат во неа остануваат заробени.
Во вазната го ставаме следното:
Седум различни кристали или полудраги камења како горски кристал, јаспис, розев кварц, корал, тиркиз, малахит, аметист, тигрово око…
Црвена торбичка преполна со пари во валута која моментално се користи, по можност во вредност од 988 денари бидејќи овој број се смета за многу среќен.
Парче земја која сме ја побарале (не украле) од семејство кое се смета за успешно со генерации.
Три или девет кинески парички поврзани со црвена трака (ако можете да ги пронајдете, обично ги има во продавниците кои се посветени на Фенг шуи).
Останатиот дел се дополнува со 5 видови на плодови од билки кои се негуваат и користат во исхраната како што се грав, пченка, јачмен, просо, пченица, лешници, ореви…Кинезите веруваат дека ова му дава на семејството среќа и наследство.
Вазата по желба, освен со плодови можеме да ја дополниме со кристали или злато и друг накит, без разлика дали е вистински или бижутерија.
Наполнетата вазна треба да се тргне од љубопитните погледи, најдобро е да се стави во секторот за пари и таа низ текот на годините ќе носи просперитет и среќни околности за целото семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст