| четврток, 6 декември 2018 |

За секој прифатен бегалец француските градови ќе добијат по 1000 евра од државата

­ Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казенев на денешната средба со градоначалниците на 600 француски градови кои се подготвени да прифатат бегалци, најави дека за секој прифатен бегалец ќе добијат по 1000 евра помош од државата, јавува дописникот на МИА од Париз.

migranti francija britanija

 

Станува збор за додатна помош, наменета за јавните и привтаните сопственици за сместување на бегалците.

Според Казенев, можат да бидата користени и фондови за инвестирање за поголеми операции за создавање на нови локали за сместување на бегалците.

Наскоро премеирот Мануел Валс ќе ја обелодени програмата за прифаќање на бегалците, бидејќи сегашните центир со вкупно 25 000 места, нема да бидат доволни за да ги прифатат бегалците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top