Нигерсикиот фудбалер Тарибо Вест кој во 2002 година дојде во редовите на Партизан ја насамарил управата на клубот која мислела дека купува 28 годишник, иако тој веќе влегол во петтата деценија од животот.
Претседателот на Партизан во тоа време, Жарко Зечевиќ, за српски Вечерње новости признава дека иако секогаш постои сомнеж кога станува збор за годините на фудбалерите кои доаѓаат од африканскиот континент, никој не можел да претпостави дека Вест ги излажал за цели 12 години.
Нигериецот играше на две светски првенства за неговата земја во 1998 година и во 2002 година, а настапуваше за дури 11 клубови, меѓу кои и гигантите Интер и Милан. Во Партизан дојде од Кајзерслаутерн пред 11 години кога клубот го водеше Лотар Матеус и беше еден од најдобрите фудбалери без разлика на неговите години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Индицент во Белград, погоден фудбалер на Олимпијакос! (Видео)
-
Обезбедувањето на директорот спречило инцидент: „Делии“ за малку не ја линчувале управата на Партизан
-
Двојна круна за Партизан, Црвена звезда на колена и во финалето на Купот на Србија (видео)
-
Панорама од Белград: Како изгледа кога стадионите на Партизан и на Црвена Ѕвезда „горат“ во ист момент


