| четврток, 6 декември 2018 |

Суспендирана почесна француска конзулка во Турција поради трговија со мигрантите

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус ја суспендира почесната конзулка на Франција во Турција Франсоаз Олчај, инаку сопственичка на продавница за опрема за пловење, која истата им ја продавала на бегалците, пренесува дописникот на МИА од Париз.

migranti

 

Репортажата на француската телевизја Франс2, снимена со скриена камера, ја покажа сопственичката на продавницата и истовремено француска почесна конзулка, како во својата продавница во Бодрум, над која се вее француското знаме и има плоча на која пишува „Конзуларна агенција на Франција“, како им продава гумени чамци и елеци за спасувања на мигрантите и бегалците кои сакаат да заминат за грчките острови.

Во репортажата таа признава дека таа е вклучена во трговија со мигрантите, и не само таа, туку и турските власти. Запрашана зошто не прекинува со оваа практика, таа одговара дека ако таа прекине, други ќе го продолжат истото.

Таа е на оваа функција од октомври 2014 година. Градот Бодрум е истото место на чија плажа беше пронајдено тригодишното сириско дете, чија трагична судбина го потресе светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top